Нивото на Охридското Езеро бележи константно покачување благодарение на врнежливото време што изминатите седмици го зафати регионот, така што денеска ја достигна котата 693,35 метри надморска височина или три сантиметри над просекот за декември.
Минатиот месец поради изразито неповолната хидролошка состојба со подолготраен сушен период без врнежи нивото на водата во езерото се спушти на минимално дозволените 693,10 метри надморска височина.
Температурата на водата во езерото е 8,5 степени Целзиусови или 0,7 степени под просекот за ова време од годината.
После повеќе од два месеци вода повторно истекува и од испустот на Билјанините извори кај Студенчишкиот канал.