– Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи. Но, за тоа истрагата е веќе во рамки на Јавното обвинителство и повеќе детали во следниот период тие можат да кажат, рече Кутиров, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора на Северна Македонија.

Потсети дека е направена и внатрешна контрола во Царинската управа при што се санкционирани царинските службеници кои таа вечер биле на смена.

Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени, на враќање од туристичко патување од Истанбул.