– Го отвораме Њујорк за остатокот од светот, а музиката ќе биде катализатор!, изјави продуцентот Клајв Дејвис, кој го организираше настанот, заедно со компанијата „Жива нација“ (Live Nation).

Настанот под наслов „Ние го сакаме Њујорк: Концерт за враќање дома“ ќе содржи од класична до рап-музика, а меѓу изведувачите се Брус Спрингстин, Бери Манилоу, Андреја Бочели, „Килерс“, Пети Смит, Пол Симон и Њујоршката филхармонија. Концертот е поддржан од градоначалникот Бил де Блазио и има за цел да ја прослави издржливоста на Њујорк, еден од најтешко погодените градови во САД од почетокот на пандемијата во 2020 година.

– Ова е прослава на нашиот град, на секое работничко семејство што се соочи со неверојатни предизвици лани и ги надмина, нагласи Де Блазио.

Се очекува концертот да привлече околу 60.000 луѓе, а ќе биде и директно пренесуван на кабелскиот канал на Си-ен-ен. Потребна е потврда за најмалку една примена доза вакцина или негативен тест за коронавирус за влез и присуство на концертот.