Напредокот на вакцинацијата, со повеќе од 60 проценти од жителите на Њујорк кои ја примиле барем првата доза од вакцината, и падот на стапката на позитивни на Ковид-19, што сега изнесува помалку од 1,5 процент, ги натера големите банки како „Џи-Пи Морган Чејс“ или „Голдман Сакс“ да почнат да ги враќаат работници кои работеа од дома, на работа во компаниите.

Вакцинираните веќе не мора да носат маски на отворено или во затворен простор. По неколку дена двоумење, оваа одредба стапува на сила од вчера. Меѓутоа, некои почнаа да ја користат оваа одредба и навистина не носат маски, додека други се повнимателни.

– Тешко е да се знае кои правила треба да се следат. Јас се уште носам маска кога сум меѓу луѓето и во затворен простор, вели Миранда Максвел (41), која е целосно вакцинирана.

Во светот до денеска во пандемијата се заразија 164,4 милиони лица, а 3,4 милиони починаа. САД имаат најмногу заразени (33 милиони) и мртви (587.000).