На 13 јануари на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава МКД.мк.
Еве што тој ден било запишано во билтенот на МВР: „На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го привеле И.Н.Д. (31) од Бугарија. При преглед и контрола на патничкото возило „фолксваген туран“ со бугарска национална ознака кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и метална палка на расклопување. Лицето било предадено во полициската станица во Куманово и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.
Нема друга официјална информација за текот на поднесената соодветна пријава