Во Србија во претходните 24 часа од корона вирусот биле тестирани 39.282 граѓани, од кои 19.901 биле заразени.

Починале 34 пациенти, а на респиратори во болниците низ Србија има 131 пациент.

Да потсетиме, вчера од 30.988 тестирани, позитивни биле 15.046, од кои 35 починале, а 119 пациенти биле на респиратор, јавуваат од Министерството за здравство на Србија.

Ова е почеток на крајот, короната го трча последниот круг со омикронот, прогнозите на водечките експерти се охрабрувачки, а доаѓаат добри вести од секогаш резервираната Светска здравствена организација. Дури и СЗО се осмелиле да кажат дека пандемијата ќе заврши наскоро, барем во Европа.

Ханс Клуге, директорот за Европа во СЗО, изјави дека омикрон е почеток на крајот на пандемијата и дека короната ќе премине во таканаречена ендемична состојба како грипот, вирус што се појавува повремено и сезонски, но веќе ќе нема потенцијал да убива масовно.

– Може да се очекува дека Европа се движи кон последната фаза на пандемијата. Според проценките на СЗО, до март, околу 60 отсто од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон. И после тој бран, за неколку недели или месеци, ќе има силен имунитет во општеството против короната, или благодарение на вакцинацијата, или затоа што луѓето се заразиле со вирусот. Со тоа би дошол и ефектот на пролетта и летото, кога има помала инфекција – изјавил Клуге.