– Спрејот би можел да спречи голем дел од ширењето на коронавирусот низ светот. Се надеваме дека спрејот ќе спаси многу животи во земјите кои чекаат вакцини. Ќе биде евтин и ќе може да се користи и превентивно против секоја респираторна вирусна инфекција, изјави пронаоѓачката на спрејот д-р Гили Регев.

Таа вели дека спрејот се покажал делотворен во лабораторија против широк спектар на вируси.

– Новите варијанти на коронавирусот нема да влијаат врз неговата делотворност. Тој ги убива сите вируси и сите соеви, вели Регев.

Нарекувајќи го спрејот „Еновид“ дезинфициенс за нос, таа појасни дека тој создава физичка бариера во носните шуплини за да ги сопре вирусите, но и хемиска бариера од азотен моноксид, кој е познат дека има антимикропски квалитети.

– Поради азотен моноксид, ова е посебен спреј, кој не само што запира вируси, туку и ги убива, вели Регев.

Израел е првата земја каде што спрејот ќе се продава откако беше одобрен од министерството за здравство, а одобрение за продажба добил и во Нов Зеланд.