Поради новиот мигранстки бран Чешка од денеска ја вклучува и војската да и помага на полицијата и царината во котрола на границата со Словачка.
Вклучени се вкупно 320 војници.Контролите на нејзината јужна внатрешна граница владата одлучи да ги продолжи за уште 20 дена, до 28 октомври.
Од почетокот на контролите откриени се 1.700 илегални мигранти и уапсени се речиси 50 шверцери на луѓе, соопшти чешката полиција.
„Шверцерите на мигранти се претежно Украинци, а потоа следат државјаните на Чешка, Сирија, Молдавија и Грузија“, изјави портпаролот на полицијата, Мартин Вондрашка.
Чешка од почетокот на годинава повторно бележи зголемен прилив на бегалци, главно Сиријци кои преку балканската рута преку Словачка и Чешка се обидуваат да стигнат до Германија.
Проблем за Чешка е што ги прима назад илегалните мигранти вратени од Германија, додека Словачка, од каде влегле во Чешка, одбива да ги прими назад, иако има договори за враќање на бегалците од трети земји.
Шефот на словачката дипломатија неодамна ја повика Европската унија да најде друго заедничко решение, а соседните земји да ја усогласат својата визна политика со ЕУ.