Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за в недела пленарната седница на која треба да се изгласааат петтиот сет економски мерки. Во соопштението од кабинетот на Џафери е наведено дека прво е закажана 32-та пленарна седница, а веднаш по неа ќе се продолжи со 36 -тата седница на која на дневен ред се економските мерки за справување со последиците врз бизнисот предвизвикани од здравствената криза поради пандемијата.

Претходно пратениците од опозицијата неколку дена по ред се противеа на одлуката да се гласа одложи гласањето на сетот економски мерки по оддржувањето на 32 седница.

Најдоа ли пратениците од власта и опозицијата компромисно решение за деблокада на законите од петтиот пакет антикризни мерки, ќе се дознае утре.