Вечерва е забележан нов пожар во општина Зелениково.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот избувнал во селото Вражале и дека на терен се екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Опожареното место е забележано од атарот на село Добри Дол, Општина Сопиште, а според директорот, бројот на екипи е доволен за справување со пожарот.