На повидок е нов скандал на владата на СДСМ и ДУИ тежок до 30 милиони евра. Владата ги злоупотребува институциите за профит на блиски луѓе до врвот на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Постојат сериозни сомнежи дека преку фиктивни фактури се правеле цесии со Управата за јавни приходи каде што директорува Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ, на фирми кои што се должници и фирми кои што се побарувачи на данок на додадена вредност, односно преку фиктивни фирми побарувачи и фиктивни фактури од УЈП се испумпани до 30 милиони евра државни пари.
СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат парите на граѓаните. Ова е начинот на кој СДСМ и ДУИ функционираат изминатите пет години, стои во партиското соопштение и се додава:
-Наместо парите на граѓаните да се трошат на проекти за подобар и поквалитетен живот, завршуваат во џебовите на блиски поединци до власта.
Со СДСМ и ДУИ на власт, Македонија тоне на секое поле.
СДСМ и ДУИ ја донесоа државата пред целосен колапс.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон активна блокада и барање за предвремени парламентарни избори за спас од национална катастрофа предизвикана од Владата на СДСМ и ДУИ.