Во напната атмосфера попладнево владата го разрешува шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми кадар на СДСМ, неофицијално дознава expres.mk.
Муареми во јавноста се споменува како дел од случај за кој се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал.
Владините извори за expres.mk тврдат дека по добиените сознанија за активности на Муареми веќе нема можност тој да остане на високата и важна функција во владата.
Управата за финансиска полиција е една од најважните алатки за контрола но за жал и за притисок врз правните субјекти во земјата.
Неофицијално во случајот кој го истражува Јавното обвинителство се работи за десетици фирми кои биле рекетирани и уценувани да исплатат црни пари а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.
Каква е улогата на Муареми и други високи лица од СДСМ, ДУИ и владините структури во овој случај веќе се утврдува во соодветна постапка од обвинителството.
Муареми лани на локалните избори беше фатен како се заканува со финансиски инспектори за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.