Фудбалската репрезентација на Шпанија по којзнае кој пат ја потврди сопствената репутација како најмоќна селекција во светот, продолжувајќи ја својата рекордна серија на мечеви без пораз на меѓународната сцена.

Избраниците на селекторот Луис де ла Фуенте во четвртокот ја совладаа Чешка на гостински терен со резултат 2:0 во рамките на Лигата на нации. За актуелниот европски и светски шампион ова беше вкупно 43. последователен натпревар на кој не почувствува пораз во регуларниот тек на средбата.

Оваа историска рекордна низа започна на 26 март 2024 година, на пријателскиот дуел против Бразил кој заврши со нерешени 2:2. Оттогаш трае успешната серија на шпанските фудбалери без ниту еден загубен дуел во регуларните 90 минути.

Последниот пораз на шпанскиот национален тим се случи неколку дена пред дуелот со Бразил, на пријателски натпревар против репрезентацијата на Колумбија. Тогаш единствениот стрелец за јужноамериканците беше Муњоз, по што започна импресивниот победнички поход на тимот.

Иако Шпанија во јуни 2025 година загуби во финалниот натпревар од Лигата на нации против Португалија, тој пораз беше регистриран по изведувањето на пенали, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник со резултат 2:2, што значи дека позитивната серија остана формално непрекината.

Претходниот светски рекорд во оваа категорија беше во сопственост на репрезентацијата на Италија под водство на селекторот Роберто Манчини, која своевремено оствари низа од 37 последователни натпревари без пораз.