Во соопштението на СДСМ се цитира извештајот на „Фридом Хаус“ кој нотирал дека Република Македонија постигнала напредок во демократскиот резултат од 3,77 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и изборниот процес е последна силна потврда за тоа.
„Фридом хаус“ потенцира дека токму Република Македонија е единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан. Нашиот напредок е втор најдобар резултат во Европа, од вкупно 29 земји кои се предмет на анализа во извештајот.
Извештајот нотира и дека „Владата на премиерот Зоран Заев ги поправа институционалните штети нанесени од десничарските претходници и дека се уште има шанса да донесе уште демократски придобивки“, пишува во соопштението на партијата која смета дека владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, во извештајот „Фридом Хаус“ како и претходните извештаи на ГРЕКО и Стејт Департментот, добива силни меѓународни признанија за одговорно и транспарентно работење.
“Овие меѓународни признанија се вистинска потврда дека чекориме по вистинскиот пат и истовремено се дополнителен мотив за институциите за уште поголема демократизација на општеството, уште поголема транспарентност, но и уште позасилена борба против корупцијата.
Како прогресивна и одговорна партија продолжуваме да креираме и реализираме мерки и политики што значат развој, напредок и интеграција на државата во секој поглед”, се вели во соопштението на СДСМ.