Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска се осврна на проблемот со непријатната миризба по операционите сали. Нова компресорска станица останува приоритет, но главното прашање е: Што до тогаш?

Се чекаат анализите од Германија

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека анализите од Германија уште се чекаат. Министерот се интересирал за резултатите, не ги добил наодите. Тој вели дека разговарал со директорите, но ситуацијата уште е под статус кво ситуација.

Нова компресорска станица останува приоритет

Министерството за здравство додека чека резултати од Германија не се откажува од идејата за набавување нова компресорска станица. Досега веќе еднаш пропадна тендерот на заедничките служби на Клинички центар. Од министерството за здравство информираат дека ќе се преземат сите обрски за спроведување на постапките од Службата за општи и заеднички работи. Во случај и на вториот тендер да не се јави ниту една фирма тогаш ќе се оди на директни преговори.

Што додека да се реши проблемот?

Додека да се реши овој проблем, салите на хируршките клиники ќе работат со надворешни компресори, а товарот ќе остане врз ГОБ „8 Септември“ и Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“.

Потенцијално кривично дело?

Јавното обвинителство покрена истрага во мај годинава за затворањето на хируршките сали во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел да се разбере зошто објектите не работат една недела.

Oткривање на потенцијално кривично дело: Затворање на хируршките сали во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Јавното обвинителство покренува истрага

Извештаите укажуваат на загриженост поради непријатна миризба и неисправност на системот за вентилација, што предизвика интервенција од Министерството за здравство. Назначен е обвинител кој треба да утврди дали се случиле некои кривични дела во врска со затворањето.