Нова мутација на Омикрон варијантата на корона вирусот го направи Хонгконг најсмртоносно место на светот кога станува збор за Ковид-19. За еден ден починале 280 луѓе, а тој сој БА2.2, веќе е регистриран и во Велика Британија, Австралија и Сингапур, поради што научниците стравуваат дека на светот му претстои нов опасен бран.

Како што пишува „Дејли мејл“, е опустошен од Омикрон од средината на февруари, од кога бројот на смртни случаи скокнал од 224 на 2.287, а во понеделникот починале 280 луѓе. Седумдневниот просек од 193 смртни случаи на ден во градот со 7,5 милиони жители ја надминува и Индија, која со популација од 1,4 милијарди луѓе има просек од 180. Од 15 февруари забележани се 450 илјади нови случаи на зараза, а со појавата на оваа варијанта на Омикрон, во градот имаше вкупно 50 илјади позитивни од почетокот на пандемијата.

Според „Дејли мејл“, сите неодамнешни случаи биле од мутацијата БА2.2, која е речиси единствена за Хонгконг.

Сепак, таа варијанта во мал број е забележана и во Велика Британија, Сингапур и Австралија. Меѓу научниците се води дебата дали новата мутација е клучна за големата стапка на смртност во Хонгконг или е нешто друго во прашање – изјавил професорото Раџендрама Раџанарајанана од универзитетот Арканзас, цитира „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека е нејасно и како оваа мутација влијае на вакцините, затоа што најголем дел од починатите не биле вакцинирани и биле повозрасни од 70 години. Како што се наведува, во Хонгконг, стапката на вакцинираност меѓу повозрасните е особено ниска поради недоверба во западната медицина. Само 33 отсто од постарите од 80 години примиле две дози од вакцините против корона вирусот.