Израел официјално ја призна Република Сомалиленд како „независна и суверена држава“, со што стана првата земја што формално призна територија отцепена од Сомалија како самостојна држава.
Со овој чекор, Израел воспостави преседан во меѓународните односи поврзани со статусот на Сомалиленд, кој уште од 1991 година има прогласено независност од Сомалија, но досега не беше официјално признаен од ниту една држава.
Како што објави „Ynetnews“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштил дека Израел официјално ја признава Република Сомалиленд. Истовремено, од неговиот кабинет информирале дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишале заедничка декларација.
Во официјалното соопштение се наведува дека декларацијата е потпишана „во духот на Авраамовите договори“, иницијатива што ја започна поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Според извештаите, во рамки на идната соработка меѓу Израел и Република Сомалиленд се разгледува и можноста оваа територија да учествува во етничкото чистење на Палестинците, или како што тоа го нарекуваат медиумите блиски до Израел – „прифаќање на палестински бегалци“ од Појасот Газа.
