Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на „Truth Social“ објавил мапа на регионот на која Ормуската Теснина е означена како „Нова територија на САД“. На мапата Теснината е прикажана како голем син круг, додека морскиот пат е означен со натписот „Нова територија на САД“.
Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман и претставува важен морски пат. Трамп првпат ја изнел идејата за нејзина анексија во петокот, кога на еден настан им кажал на присутните дека „наскоро“ ќе го прогласи морскиот пат за територија на САД.
Со објавувањето на мапата, американскиот претседател повторно ја актуелизирал идејата за преземање на Ормуската Теснина. Трамп претходно најавил дека САД би можеле да го прогласат морскиот пат за своја територија.
