Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје на фејсбук профилот објави дека по пријава на телефонскиот број 193, пожарникарите излегле на терен и поставиле душек за спасување во случај ако девојката скокне.
Во акцијатата припадници од интервентната полиција се спуштиле со јажиња од горниот кат и ја затвориле терасата од станот каде што била девојката.
По спасувањето, девојката, за која медиумите објавија дека,имала претходни психички проблеми, влегла во болничко возило каде и била пружена прва помош.