Нема значи на насилна смрт или криминално дело. Ова го покажуваат првичните информации за смртта на младата Македонка во стан во Солун, пренесуваат грчките медиуми.
Грчкиот медиум „Тестивал“ објави дека, според досегашните судско-медицински наоди, смртта најверојатно се должи на патолошки причини. На местото бил повикан судски лекар, а од макроскопскиот преглед на телото и од досега собраните информации, не биле утврдени знаци што би укажувале на насилна смрт или криминално дело. Надлежните органи сè уште ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта.
Млада жена од Македонија беше пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, откако нејзиното семејство со денови не можело да стапи во контакт со неа. Според грчките медиуми, близок роднина заминал до станот во кој престојувала и ја пронашол без знаци на живот, по што веднаш биле известени полицијата и надлежните служби.
Во дел од македонските медиуми се појави неофицијална информација дека девојката била од Прилеп, но тоа засега не е официјално потврдено.
