Од успешен угостител до живот исполнет со пороци – синоќа ја уби својата мајка
Синоќа во Штип, 53-годишниот С.З., некогаш познат угостител, со нож ја усмрти својата мајка, заокружувајќи долга и тешка семејна трагедија, објави Телевизија Стар. С.З. со години ја менаџирал една од најпознатите кафеани кај Градскиот саат, но паднал во зависност од алкохол, што го довело до губење на кафеаната, а потоа и на семејната куќа.
ТРАГЕДИЈА ВО ШТИП: Поранешен угостител со нож ја уби мајка си среде ноќ
Семејни трагедии и смрт на сопругата
Големите финансиски и лични проблеми се одразиле и врз неговиот брак. Сопругата, која била жртва на насилство, трипати се обидела да си го одземе животот и на крај починала во психијатриска установа. Од тагата по ќерката, предвреме починале и нејзините родители.
Насилство врз родителите и фаталниот исход
По овие случувања, С.З. уште повеќе западнал во алкохол и коцка. Свидетели тврдат дека неговите родители биле секојдневни жртви на малтретирање, а полицијата често интервенирала во нивниот дом. Таткото починал неодамна со модрици од синот, а мајката синоќа трагично го загубила животот од неговата рака.