На прес конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави делови од вибер комуникација со која посочува дека командирирот на прилепската полиција дава наредби полицајците на терен да сопираат опозициски активисти и да им се врши притисок со барање на непотребни документи.

Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цувуловски командирот на ОВР Прилеп, кој дава наредба – ако треба измислете прекшок и остранувајте ги. Почитувани не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ туку тие биле претворени во агитатори на власта во собирање на гласови за СДСМ. Дарко Цувуловски командириот на ОВР Прилеп во групата на вибер издава насока – „колеги во четврток и петок е терминот за доставување на списоците по договореното. Внесувањето ќе биде од 16 до 17 часот“ вели Ковачки.