Нови претреси во Кочани и Виница – истрагата за пожарот во „Пулс“ се проширува

Истражните органи на Јавното обвинителство и МВР од изутринава спроведоа претреси во канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница.

Прибирање нови докази за истрагата

Во Кочани, службените лица прибирале доказни материјали поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Претрес е извршен и во Виница, бидејќи од таму доаѓаат поранешниот и актуелниот раководител на Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион.

СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА: Приведени сопругата и ќерката на газдата на „Пулс“

Засилени контроли на угостителските објекти

Од утрово, општинските инспекциски служби во Кочани вршат контроли на угостителските и други објекти.
Главен фокус е Трговскиот центар во Кочани, каде што се наоѓа друг угостителски објект на сопственикот на „Пулс“.

Одземени нови електронски уреди и материјални докази

Државното Јавно обвинителство соопшти дека се извршени претреси на пет локации во Кочани и Скопје.
При претресите се одземени нови електронски уреди и други докази.
Издадени се наредби за вештачење на прибраните материјали.

Истрагата продолжува со засилено темпо, а јавноста очекува конкретни одговори и одговорност за трагедијата што го потресе градот.

Мицкоски: „Истрагата ќе се проширува“

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека истрагата ќе се проширува и дека секој со најмал сомнеж за поврзаност ќе биде опфатен.