Корекција на цените на горивата – бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои ќе стапат на сила од полноќ. Според редовната корекција, бензините поскапуваат, а од друга страна дизелот поевтинува за половина денар по литар.
Новите цени се:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,50 ден/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 ден/литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 64,50 ден/литар
Непроменета цена на маслото за горење, мазутот со благо намалување
Цената на екстра лесното масло за горење останува непроменета и изнесува 65 денари за литар, додека мазутот М-1 НС се намалува за 0,592 денари по килограм, и новата цена ќе биде 35,450 денари.
Корекцијата на цените е резултат на движењата на берзанските котации и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена, информираат од РКЕ.
Претходно, бензините бележеа уште едно поевтинување.
Повторно поевтинуваат горивата од полноќ
Извор: Плусинфо