Новоизбраниот градоначалник на Њујорк ќе си ги бара првите три плати во биткоини, пренесува Би-би-си.
Да потсетиме, поранешниот полицаец беше избран на функцијата претходно оваа недела . Тој ќе ја предводи метрополата по завршувањето на мандатот на актуелниот градоначалник Бил де Блазио во јануари и ќе биде вториот црн градоначалник на Њујорк.
Од своето основање во 2009 година, најголемата криптовалута во светот, биткоинот, има многу променлива вредност.
Изјавата на Адамс веројатно беше одговор на градоначалникот на Мајами, Френсис Суарез, кој исто така најави дека ќе ја земе својата прва биткоин плата откако ќе биде реизбран.