Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи – изјави Глигоров за официјалнта клупска интернет страница.
Поранешниот вардаров играч и капитен денеска беше назначен за в.д тренер на „црвено – црните“, откако клупското раководство му врачи отказ на Горан Симов по лошите резултати на стартот на сезоната во Втората македонска лига – Запад.