Бутел 1 поточно населеното место Св. Климент Охридски на местото на добро познатото старо игралиште за баскет, за многу скоро ќе има ново ултрамодерно игралиште специјализирано за баскет. Ова ќе го користат учениците на ООУ “Св. Климент Охридски” и секако локалното население.

Игралиштето се гради по врвни стандарди, истото ќе биде опремено со кошеви и подлога според високите стандарди на Интернационалната Кошаркарска Федерација (ФИБА)

-Овој простор но пред се блиската околина (кај мултифункционалното игралиште) за краток период ќе прерасне во модерен спортски комплекс со дополнителни детски игралишта и парковски решенија кои ќе им служат за рекреирање на граѓаните, вели градоначалникот Костовски.