Девојка (26) од Нови Сад е убиена, откако во неа пукал В.Р. со кого до неодамна била во врска. 34-годишнниот маж влетал во салонот за убавина каде работела девојката И.Р., пукал во неа и ја убил, а потоа и во себе.

Девојката починала на лице место, додека В.Р., со знаци на живот е пренесен во Клиничкиот центар во Војводина, каде починал.

Двајцата биле во љубовна врска, но последните месеци по неколку инциденти, на мажот му била одредена забрана за приближување. Тој бил ловџија, имал оружје во легално поседување. Исто така работел во продавница за оружје, лоцирана недалеку од салонот за убавина каде што работела девојката.