Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“. По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис Свонпул во долна облека

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Кендис Свонпул модна кампања

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

Кендис Свонпул за Викторијас сикрет

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.