Од Иницијативата додаваат дека со новиот нацрт-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, продажба која започна во време на ВМРО-ДПМНЕ со стариот закон од јуни 2013 сега на сила, а со која СДСМ сега сака да се раскрчми она што не смее под ниту еден услов да се продава.
Наведуваат дека од 557,662 хектари обработливо земјиште, 41% е во сопственост на државата, а истото ќе може да се продава за цена од 0.2 евра до 1 евро или 12/18 денари до 60 денари.
Ова земјиште, како што велат ќе може да се продава и на СТРАНСКИ компании / поединци по 1 евро за 1 м2, под услови на „стратешки инвестиционен проект“ и тоа во ЧЕТИРИ ОЧИ, во т.н. непосредна спогодба помеѓу нив и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство.
Во ЧЕТИРИ ОЧИ предвидена е и продажба на државно земјоделско земјиште со кое поединец/фирма во постапка на консолидација, окрупнување, се стекнал со право на ко-сопственост.
Погледнете ја целата објава:
🆘 ⛔️ Ова НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ! 👇
Со новиот нацрт-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост,…
Posted by O2 Иницијатива on Sunday, May 9, 2021
СТОП ЗА РАСПРОДАЖБА НА НАШЕТО ЗАЕДНИЧКО ДРЖАВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ