За ова, меѓу другото, во ексклузивен разговор за Алфа, предупредува – Александар Обрадовиќ, директор на „Елем Трејд“, и екс советник за енергетика во Владата на Зоран Заев. Тој зборува, за пропуштени можности, но и за потреба од одговорност.
Тој во интервјуто зборува и за клучните грешки на Владата во спречуваерто на ударот од енергетската криза. Обрадовиќ вели дека одговорност мора да се има, зашто сме пред енергетски колапс.
Инаку, токму Александар Обрадовиќ важи за контроверзен бизнисмен за кого медиумите во неговата матична земја имаат бројни критики и скандали не само за водењето на ЕПС туку и за мегаломански злоупотреби и трошење пари додека тој бил на оваа позиција.
Со директорот на „Елем Трејд“, разговараше Борис Грујоски.