Марјан Димитриев предизвика внимание со свое видео-обраќање во живо во кое изнесе сериозни тврдења за наводен заговор во партијата. Тој посочи дека постојат закани по неговата лична безбедност и безбедноста на неговото семејство.
Според информациите што се шират во јавноста, поранешниот кандидат за градоначалник на Општина Аеродром говорел за наводно мешање на странски служби и обид за преземање на контролата врз политичката партија. Притоа, тој истакна дека бил сериозно загрозен неговиот живот, како и животот на најблиските членови на семејството.
Видеото по кратко време било повлечено и избришано од социјалните мрежи.
Дополнително внимание во јавноста предизвикаа информациите дека пред неговиот дом се собрале пријатели и сопартијци, придружувани од полициски службеници кои го повикувале да ја отвори вратата.
Засега не е официјално познато дали Димитриев поднел формална пријава до надлежните институции, ниту кои се точните околности што довеле до полициската реакција пред неговиот дом.
Случајот отвора низа дилеми и прашања околу случувањата во партиската структура, како и за реалната тежина на изнесените обвинувања.
