Во изминатите денови, платформите за закажување термини за вакцинација, објавија дека сè уште има многу празни места. Во овој контекст, премиерот Жан Кастекс ја спомена можноста за проширување на пристапот до вакцинација, сметајќи дека оваа иницијатива е сè уште „предвремена“ и го нагласи „многу доброто темпо“ на кампањата. Затоа, во крајна линија, првичниот распоред има предност за месеците кои следуваат.
Со неколку прилагодувања, календарот останува ист: отворање на вакцинација за луѓе кои страдаат од истовремени болести, како што се дебелина, хипертензија, дијабетес, бубрежна слабост, срцева слабост или карцином, од 1 мај. Според министерот за здравство Оливие Веран, овие нови критериуми треба да овозможат вакцинирање на „четири милиони ранливи Французи“.
Од 15 мај, вакцинацијата станува отворена за сите луѓе над 55 години, без специфични причини. Во изминатите недели, се кренаа гласовите на неколку политичари кои бараа Франција да ја прошири кампањата за вакцинација, тие ја повикаа Владата да ја прошири вакцинацијата на сите „активни“ луѓе, без разлика на возраста, и тоа колку е можно побрзо.