Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби.
Последната статистика од вчерашното деноноќие регистрира 29 нови случаи на Ковид 19 од направени 2887 тестирања, ниту едно починато лице. Оздравени се во тоа деноноќие 34 лица. Активни се 420 случаи.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.
Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, на инфективните одделенија во државава се лекуваат вкупно 96 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 30 се во Скопје. Во ковид-центрите има околу 460 празни болнички кревети. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.