Период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи ќе започне од среда, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Претходно, во понеделник и вторник, ќе се задржи сончево и топло време.

Во првите два дена од новата седмица ќе има мала локална облачност, без позначителна промена на временските услови. Нестабилноста со врнежи, грмежи и засилен ветер се очекува од среда.

Во понеделник ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.