Вчера во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје.

Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила  Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје.