Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекци со корона вирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар .
Покрај Македонија, од Западен Балкан, се симнати од црвената листа и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора кои повеќе не се третираат како ризични земји.
Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки „пречки“.
Новите правила за патување ќе важат од недела, наведува РКИ во своето соопштение.
Прогласувањето на земјите од Западен Балкан без ризик од страна на РКИ ќе има влијание врз другите земји на ЕУ, пред се на Австрија, која одлучи да ги утврди своите правила за влез во земјата врз основа на списокот на германскиот институт, пишува белградски Блиц.
Линк до најновата листа на РКИ.