Застрелан е 47 годишен маж

Според информациите застрелан е 47 годишен маж со иницијали А.Ј. На тоа претходела расправија, а со оружје тој го убил лицето.

Уапсен е убиецот

Само 15 минути подоцна полицијата го фатила осомничениот за извршеното убиство, а тој бил видно вознемирен. Во неговиот автомобил марка БМВ била пронајдена и пушка, а со истата тој го убил сограѓанинот. Убиецот со иницијали М.М е на возраст од 50 години.

Се огласија од МВР

Од МВР ги соопштија деталите за убиството во Боговиње.

„Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е осомничен дека околу 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј, велат од СВР Тетово.

Оттаму додаваат дека повикани се Јавен обвинител и полициски службеници за да извршат увид на местото на злосторот.