Одбиена понудата на милијардерот Илон Маск- „Твитер вреди многу повеќе“.

Саудискиот принц Алвалид бин Талал ја одби понудата на сосптвеникот на Тесла милијардерот Илон Маск да го преземе Твитер.

Според Талал, кој е еден од најголемите инвеститори во Твитер, вредноста на таа компанија е многу поголема.

„Не верувам дека предложената понуда на Илон Маск (54,20 долари по акција) е блиска до основната вредност на Твитер со оглед на неговите изгледи за раст“, ​​рече принцот во објава на Твитер.

Маск во четвртокот објави дека понудил 43 милијарди за компанијата, а извршниот директор на Тесла рече дека гигантот на социјалните мрежи треба да биде приватна компанија.