пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Независно дали говориме за договорот од „Дејтон“, „Преспанскиот договор“ или пак „Рамковниот договор“, јасно е дека сите овие документи се потпишани со интенција да се завршат долги конфликти и спорови и да се нормализираат односите. Сите оние, кои на еден или на друг начин работат на поништување на овие документи директно работат против стабилноста на целиот регион, а со самото тоа претставуваат и непријатели на мирот.
Да, иако овие договори многу често се одбивани од граѓаните на страните кои потпишале, тие претставуваат основа за стабилност. Алтернативата за „Дејтон“, „Преспа“ и „Охрид“ е крвопролевање, нешто што никој во регионот не може да си го дозволи во овие денови.
Токму затоа, сите оние кои работат против овие договори – работат директно против интересите на граѓаните. Оттука претставува вистински акт на пријателство од страна на Бајден да се стават на црна листа и да им се замрзне имот на сите оние кои работат против овие договори.
Проветрувањето кое ќе го донесе оваа одлука на Бајден ќе зафати многу политичари кои возејќи се на популистичкиот бран, собираат гласови нудејќи крв!