Кандидатот на опозицијата Тимчо Муцунски официјално победи во првиот круг на изборите – дознава Лидер.
Како што дознаваме, по 100% преброени гласови Муцунски уште во првиот круг го победил кандидатот на СДСМ Александар Филиповски Цанде со скоро 10.000 гласови разлика.
Конечното пребројување покажува дека Муцунски има 18,793 гласови а Филиповски 8.920.
Неважечките и гласовите не останатите кандидати не стигаат до бројката предност за Муцунски што значи дека тој има над 51% од гласовите и ќе стане нов градоначалник на Општина Аеродром.