Тој официјално кажа дека Александар Стојкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров ја понесува победата во оваа скопска општина со голема предност пред Наумоски и другите кандидати.

– Со 9 215 гласа Александар Стојковски е новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров – соопшти претседателот на државната изборна комисија, Александар Даштевски на вечерашната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ја освои и оваа голема општина во Скопје, покрај претходно добиените Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Петровец, Илинден и Сопиште.