Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина Брвеница. Ова го покажуваат официјалните податоци објавени од Државната изборна комисија (ДИК).
Според обработените податоци по пребројани 100 отсто од избирачките места, тој освоил 4.442 гласови.
Од друга страна, кандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 4.177 гласови на овие избори.
