Додека пазарела во продавница вчера била ограбена поранешната германска канцеларка Ангела Меркел
Како што јавуваат германските медиуми, и покрај тоа што била во придружба на телохранител, нејзе и бил украден паричникот.
Како што пренесува германски Билд, новчаникот и стоел на количката за пазарење.
Од полицијата го потврдуваат случајот и откриваат дека настанот се случил вчера околу 11.40 часот по локално време.
Таа, кражбата ја пријавила во најблиската полициска станица, а нејзиниот телохранител кој што ја придружувал не успеал да ја спречи кражбата.