Поради зголемениот број на лица дојдени за вакцинирање пред спортската сала во Ниш, Република Србија, кои не биле пријавени за вакцинација, дојде до одреден застој кој резултираше со пролонгирање на договорените термини од околу 2 часа.
Тимовите на Стопанската комора на Македонија кои се распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, заедно со колегите од Стопанската комора на Србија и полициските служби на Република Србија, ги презедоа сите потребни активности и во моментов процесот продолжува да тече непречено.
И покрај поголемиот прилив, процесот на вакцинација ќе се реализира согласно планираното, доколку е потребно и до 22 часот, со цел сите регистрирани стопанственици да бидат имунизирани, се вели во соопштението до медиумите.