Од 43 лица заразени со омикрон, 34 биле целосно вакцинирани, а 14 последователно примиле трета, дополнителна доза од вакцината покрај двете дози.
Иако ова е мал примерок на заболени од омикрон, овие бројки не се охрабрувачки и расте стравот дека сегашните вакцини нудат помала заштита од оваа многу пренослива варијанта.
Омикрон е идентификуван во 22 земји откако првпат е регистриран во Јужна Африка и Хонг Конг. Повеќето од заразените имаат благи симптоми, како што се кашлање и замор, а секој 25 човек во Јужна Африка поминал два дена во болница.
ЦДЦ предупредува дека, иако повеќето случаи на омикрон се со благ карактер, постои временско задоцнување помеѓу инфекцијата и посериозните форми на болеста. ЦДЦ, исто така, очекува поблаги симптоми кај вакцинираните и оние кои ја прележале короната. Сепак, причината за повеќето заболени во САД е делта варијантата.