Тоа се наведува во внатрешен документ на ОН, јавија западни медиуми .
Сумата ќе биде исплатена следниот месец, главно за субвенционирање на платите на талибанските борци кои ги чуваат локациите на меѓународната организација во Авганистан. Планирано е и покривање на месечните оброци на овие чувари, што е напишано во договор со претходната влада во Кабул.
Неколку експерти велат дека предметната исплата предизвикува сомнеж дали се прекршуваат санкциите против талибанците и нивните лидери и дали ОН ќе можат да следат дали средствата се пренасочуваат за други цели.