Втор ден жителите од полошко се гушат во екстремно загаден воздух, откако вчера се запали депонијата кај тетовска Волковија. Чадот и миризбата се шират низ целата полошка котлина, до Тетово и Гостивар, како и селата помеѓу двата града. Граѓаните се жалат на  печење на очи, гребење на грло и кашлица.

Општината ги повика граѓаните да избегнуваат излегување надвор.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово, велат дека досега на запалената депонија истуриле стотици тони вода, но пожарот не се ликвидирал, бараат помош од државните институции… На терен излезе и директорот на Центарот за управување со кризи.

Во меѓувреме пак експертите за јавно здравје предупредуваат дека чадот кој доаѓа од запалената депонија е крајно опасен за здарвјето на граѓаните и може да содржи канцерогени материи.

Пожарот избувна во понеделникот во доцните вечерни часови.  На терен излегоа и инспекторите за животна средина кои  треба да поведат инспекциска постапка откако ќе ги добијат сите информации од надлежните служби за причините за пожарот.