Три патнички возила и мотоцикл се опожарени ноќеска во селото Крушопек во општина Сарај.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се опожарени патничко возило „опел“, сопственост на О.С.(25), патничко возило „даеву тико“, сопственост на Р.С.(54) од село Крушопек, патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.С.(35) од село Крушопек и мотоцикл без регистарски ознаки.
Од пожарот бил зафатен и ѕидот на влезната врата од куќата на Б.С.(37), пред која биле паркирани возилата. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.
Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.