Денеска (09.12.2023) во 04.35 часот во СВР Скопје А.С.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром било опожарено неговото патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки.
Од пожарот биле зафатени и уште две возила со скопски регистарски ознаки, и тоа „форд“ сопственост на Г.М.(42) и „ауди“ сопственост на Т.К.(49), двајцата од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.